Македонија esma-lozano

8 март, 2013

„Империја“ целосно е повлечена, се подготвува нова песна

Македонската радио телевизија, своето право за менување на евровизизиската песна до 18-ти март го користи целосно и ја повлекува песната „Империја“, пишува Утрински весник. Неофицијалните информации од упатени извори велат дека песната „Империја“ од авторите Симеон Атанасов, Дејан Момировски и текст на Борче Нечовски, во изведба на Есма и Лозано нема да биде изведена во мај, на Евросонг во Малме. Веќе се подготвува нова песна со сменет авторски тим: музика – Дарко Димитров и текст на Лазар Цветкоски.

Песната „Империја“ и видео записот за неа, изработен од продукцијата „Егзит Б“ беше јавно претставена со шоу – програма на МТВ, на 28-ми февруари. Речиси веднаш реакциите на јавноста беа прилично остри за насловот „Империја“, а особено за спотот, во кој се промовираат објектите од проектот „Скопје 2014“. Појавувањето на споменикот на Александар Македонски во спотот на „Империја“, предизвика и очекувани реакции од Грција, пишува Утрински.



Врати се горе ↑