30 ноември, 2015

„Имав само еден сон“ е новата песна и видео запис на Перо Пандилоски

„Имав само еден сон“ е насловот на новата песна, која Перо Пандилоски деновиве ја претстави заедно со видео запис. Албумот полека но сигурно се создава бидејќи ова е 8. песна на Перо. Музиката и аранжманот се на Јован Василевски и Гоце Симоновски, а текстот го напиша Магдалена Цветкоска. Станува збор за прекрасна балада која е испеана со доста емоции.

Дека Пандилоски е име што ветува говори и неговата активност. Перо постојано пее по ноќните клубови низ државава, а за само една година ова е веќе трета песна и втор видео запис.

„’Имав само еден сон’ е приказна во која мислам дека доста ќе се пронајдат. Тоа беше и целта на целата екипа што работевме на овој проект.  Спотот го снимавме во Кавадарци, под режисерска палка на Пепи Ангелов. Сите се потрудивме, се надевам дека ќе помине добро“, изјави Пандилоски, а како изгледа и звучи неговиот „Сон“ можете да погледнете горе. Уживајте!




Врати се горе ↑