14 јуни, 2013

„I’m Out“ од Сиера и Ники Минаж доби текстуален видео запис

При крајот на минатиот месец се појави песната „I’m Out, која Сиера ја сними со колешката Ники Минаж. За овој втор сингл од претстојното петто студиско издание насловено „Ciаra“, пејачката деновиве претстави и видео издание во веќе популарниот формат на текстуален видео запис.

Новиот албум кој ќе пристигне во јули, пејачката го најави со првиот сингл „Body Party“, кој доби и ремикс издание заедно со колегата Ни-Јо, а истото можете да го преслушате во продолжение.

 



Врати се горе ↑