17 јули, 2017

Илма Карахмет облече венчаница

После речиси три години од објавувањето на првата песна, најмладата учесничка на првото издание на регионалниот „Х фактор“ повторно се враќа со нова песна. Публиката ја запозна како 13-годишно девојче, а сега веќе 17-годишната Илма Карахмет е прекрасна млада девојка, облечена во венчаница за потребите на видеото за нејзиниот нов сингл „Не зови ме туго“.

илма 2

Станува збор за комплетно авторско дело на босанскиот композитор Амил Лојо, чија визуализација ја изработи екипата на „Ареа 7 ентертејнмент“, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑