Галерија Ana Bunteska

27 јануари, 2017

Илјадници читатели се дружеа со младите македонски писатели на Булеварот на книгите

Саемот на книгата на клубот „Матица“, „Книга во секој дом“ започна на 20. и ќе трае до 31 јануари. Привлечноста на „Книга во секој дом“ е во тоа што читателите ја имаат можноста лично да се запознаат со младите македонски писатели.

Во изминатите денови илјадници посетители се дружеа со Вера Калин, Ксенија Николова, Ана Бунтеска и Евгениј Хоуп. Нивните дела се потпора на столбовите на модерната македонска литература и култура. Булеварот на книгите со денови зрачи од насмеани лица исполнети со возбуда додека пенкалата на авторите ги потпишуваат своите дела. Сите се забавуваат и ја споделуваат љубовта кон пишаниот збор. Бунтеска го прослави и својот роденден со читателите и посетителите во атмосфера која ретко се повторува.

Саемот сè уште трае и останува возбудата за сите кои ќе одат на Булеварот на книгите да се запознаат и со Марија Лозаноска и Јован Илиески. Љубителите на книгата се поканети да се запознаат со овие исклучителни автори. Марија и Јован се сосема спротивни во стилот на пишувањето, но се водени од истата љубов за споделување на емоции и приказни.

Лозаноска потпишува во петок, 27.01.2017, а Јован во понеделник, 30.01.2017, и двајцата во 18.00 часот и секој може да ги посети и лично со нив да ја сподели желбата за читање и пишување.

Книгата е пријател, инспирација и учител.

 

КНИГА ВО СЕКОЈ ДОМ

читај, патувај, откривај, истражувај…

 

Клуб Матица

Бул. Климент Охридски бр.23

Булевар на Книгите

 



Врати се горе ↑