Аудио 21106820_1774196902620925_3725295311291017249_n

1 септември, 2017

Илија Ќосевски откри што е „Среќа“

По пауза од три години, Илија Ќосевски се враќа со нова песна. Станува збор за темата насловена „Среќа е“, која е комплетно авторско дело на штипскиот музичар, на виолина и како придружен вокал гостува Марија Илиева, а Ване Цамбов на гитара, додека миксот и мастерингот се на Митко Јовановски (Магнус).

Иако направи пауза како изведувач, професорот по народни инструменти при средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип е постојано активен како автор, потпишувајќи се на хитови за бројни колеги, голем дел од нив отпеани на „Макфест“, а бележи успеси и со народниот оркестар од неговата класа, со настапи низ земјата, регионот и пошироко.

Како звучи неговата најнова песна можете да слушнете во продолжение. Уживајте!

иќ

И.Ј.



Врати се горе ↑