2 март, 2015

Иле Спасев со нова песна и видео запис за „Единствена“

Иле Спасев деновиве ја објави својата нова песна насловена „Единствена“, којашто е субвенционирана според законот за поддршка на македонската музика согласно третиот квартал во 2014 година. Темата, чиј автор на музиката, аранжманот, продукцијата, миксот и мастерингот е самиот Спасев, а текстот го напиша Даниела Хаџи-Тоневска, пристигна заедно со видео видео запис, кој го изработи продукцијата „Фабрика“.

Екранизацијата на „Единствена“ е во режија на Марјан Огненовски, видео продуцент е Кети Огненовска, монтажа и камера – Елвис Дурмишовски и асистенти на камера – Јаков Огненовски и Били Дурмишовски. Покрај Иле, главната женска улога ѝ припадна на Марија Златева, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑