Аудио 1391473_10202102208493681_1656180736_n

7 декември, 2013

Иле Спасев ја претстави својата „Магија“

По пауза од неколку години, Иле Спасев повторно се враќа на музичката сцена со авторска музика, а неговото најново музичко парче е темата насловена „Магија“. Спасев е активен на македонската музичка сцена од 2002 година, а позади себе има повеќе настапи на фестивали како што се Макфест, Еврофест и Охрид Фест, а од 2009 година ја започна соработката со добро познатиот музичар и продуцент Александар Масевски со кој ја направија песната „Ми го одземаш здивот“.

Масевски и овој пат е дел од тимот кој стои позади новата песна, потпишувајќи ги аранжманот, продукцијата и мелодијата на придружните вокали, текстот е потпишан од Даниела Хаџи-Тоневска, а музиката е дело на самиот Спасев. Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑