Промоции 1239718_10202321922155738_1529801474_n

6 септември, 2013

Иле промовира нова песна и видео запис

Како што најави на почетокот на летото, Иле Петровски за неговата нова песна соработуваше со Роберт Билбилов, кој е автор на музиката и аранжманот, а Ксенија Николова го потпишува текстот на песната насловена „Јас те имав прв“. Оваа тема која ќе пристигне заедно со видео запис во режија на Ивица Барбареов – Пич, својата промоција ќе ја доживее на 11-ти септември (среда) во кафе Драма на улица Македонија, со почеток од 11 часот.

 

 



Врати се горе ↑