12 септември, 2013

Иле Петровски претстави нова песна и видео запис

Во друштво на најблиските пријатели, соработници и колеги, младиот пејач Иле Петровски го промовираше новиот сингл и видео запис. Станува збор за песната „Јас те имав прв“, на која како композитори се потпишуваат Роберт Билбилов – аранжман и музика, и Ксенија Николова – текст. Видео записот се снимаше на неколку локации во Скопје под режисерската палка на докажаниот Ивица Барбареов – Пич.

Со „Јас те имав прв“ Иле го најавува и албумот-првенче на кој се работи во моментов, а се очекува да излезе кон почетокот на следната година.



Врати се горе ↑