Македонија ile-petrovski

11 јуни, 2013

Иле Петровски најави соработка со Роберт Билбилов

Младиот поп пејач Иле Петровски во сорабoтка со Роберт Билбилов деновиве ќе ја сними својата најнова песна: „Не се сомневам во Роберт Билбилов, сигурен сум дека ќе направиме интересна песна која ќе и се допадне на публиката“ – изјави Иле Петровски.

Песната ќе биде во аренби стил, а за неа ќе се снима и видео запис. Покрај музиката, Иле Петровски во моментов се подготвува за полагање на последните испити од оваа студиска година. Во етерот е актуелен со својата последна песна која го носи насловот „Со неа ми е топ“, дело на Јован Јованов и Елвир Мекиќ.



Врати се горе ↑