Настани 12654358_868794063219170_796795347070193679_n

1 февруари, 2016

Илајџа Вуд во улога на диџеј на 6. издание на „Здраво млади“ во Скопје

Првиот потврден изведувач за шестото издание на фестивалот „Здраво млади“ е електронското дуо „Вуден виздом“ (Wooden Wisdom), во кое е дел и американскиот актер Илајџа Вуд, познат по улогата на Фродо од „Господар на прстените“ на оскаровецот Питер Џексон. Неговиот настап заедно со Зак Коуви е најавен за 4 јуни.

Триесет и петгодишниот Вуд ќе настапи во рамките на фестивалот што го организира Младинскиот културен центар во Скопје. Тој е сопственик на издавачка куќа и има колекција од околу 4.000 плочи. Во паузи од снимања, слободното време го користи за правење музика со својот другар Зак и патуваат ширум светот. Дуото е познато по своите „класични фанк-соул теми, меланхолични стари инструментали, денс њувејв за шизење од 80-те“, се вели во најавата на МКЦ.

Вуд експериментира со електронска продукција уште од тинејџерските денови, а со диџејство се занимава од 2001 година. Придружба ќе им биде диџеј Фиц (DJ Fitz), кој ќе пушта психоделична музика. Другите изведувачи и детали околу „Здраво млади“ следуваат наскоро.



Врати се горе ↑