Балкан

8 декември, 2018

„Игуана“ е новиот хит на Ина

Откако ја освои домашната сцена во Романија, популарната пејачка Ина во 2013 го започна својот поход за освојување и на светската сцена, објавувајќи повеќе синглови на англиски јазик, а следејќи го трендот и успехот на латино-хитовите, таа изминатиов период запеа и на шпански.

Имено, нејзиниот нов, шести по ред студиски албум „Yo“, кој ќе стигне следната година, воедно е и прво издание со сите песни отпеани на шпански јазик. 32-годишната ѕвезда новиот материјал го опиша како експериментален со влијанија од тн. џипси-музика, а како воведен сингл во септември беше објавена темата „Ra“.

Деновиве, пак, стигна и одличната „Iguana“, која има потенцијал да биде најновиот во низата хитови за романската ѕвезда, а како звучи и изгледа сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑