За Вас detsko-kralstvo-h1

20 август, 2015

Играта за тронот започнува! Витези и принцези ќе го окупираат Скопје!

Средновековниот период е возбудлив, исклучителен и мистериозен. Со карактеристичните замоци, витези, принцези, борби и чест претставува вистинска енигма и восхит како за децата така и за повозрасната публика. За време на средниот век, замоците биле градени со една примарна цел: заштита на луѓето и имотите. Денеска тие се историска атракција која зборува за едно далечно одминато време и предизвикува особена љубопитност кај децата.

Во претстојниот период, „Скопје сити мол“ ќе биде домаќин на „Детско кралство“, возбудлива бајка инспирирана од 11-ти век, која со својот автентичен изглед, приказна и случувања, никого нема да остави рамнодушен. Всушност, „Детско кралство“ е меѓународна интерактивна изложба за деца од 6 до 11 години и претставува симулација на животниот стил во средниот век. Исто како и во книгите, децата ќе имаат можност да го доживеат светот на храбрите витези, да пропатуваат назад во времето, да учествуваат во херојски битки. Главен дел од оваа атракција ќе бидат средновековниот замок, катапулт, змеј, знамиња, штитови и оружја преку интерактивни детски игри и турнири. Многу приказни ќе се раскажат и случат во кралството во кое главна улога ќе имаат најмладите. Патување низ времето е една од главните карактеристики, предизвик кој нема да ве остави рамнодушни и ќе ве натера да бидете дел од настанот кој не смее да се пропушти.

Атрактивните поставки и активности во „Скопје сити мол“, преку временска ретроспектива на типичната архитектура, народ, слики, приказни, случувања ќе им го доближат на децата и возрасните животот во средниот век. Изложбата „Детско кралство“ го оживува  средновековниот период со епски турнири на витезите, навраќање на децата во свет исполнет со приказни и авантури. Борбата за тронот, победата за честа и одбрана на саканата се само дел од предизвиците за сите принцови и принцези, витези и дами.

„Скопје сити мол“ ги повикува сите деца и родители, да го посетат трговскиот во периодот од 25 август до 15 септември, да доживеат едно комплетно ново искуство со повеќе забава и многу возбуда како никогаш досега.

„Детско кралство“ освен што визуелно ќе ги восхити најмладите и заинтересира возрасните исто така и ќе понуди занимлива едукација за оваа типична ера, преку многуте интерактивни активности и работилници, отворени за сите посетители во „Скопје сити мол“.

Со посета на оваа интерактивна изложба децата ќе имаат можност да развиваат вештини како трпение, споделување, подобрување на спортскиот дух, да ги развиваат моторните вештини и вештините за слушање и концентрација.

Скопје сити мол, сè што сакам од игра, забава и едукација!



Врати се горе ↑