3 декември, 2013

Игор Митровиќ со видео запис за макфестовската „За крај“

Игор Митровиќ годинава настапи на фестивалот за забавни мелодии Макфест каде што се претстави со баладата „За крај”, чии музика и аранжман се на Александар Масевски, додека текстот е на Биљана Пашариковска. Песната освои награда за најдобар аранжман којашто му беше врачена на Александар Масевски.

Истата таа нумера доби и свој видео запис, кој се снимаше 4 дена, и тоа во студио, во селото Бадар, во кафулето Стоби и во куќа. Спотот е под режисерката палка на Нена Зафировска и Дарко Цветаноски. Освен Игор, во видео записот се појавуваат и моделот од агенцијата Мак Моделс, Билјана Јаневска заедно со Марко познат како MM Crew.

Игор истакнува посебна благодарност до неговите долгогодишни соработници студио „Excite”, кафулето Стоби, модната агенција Мак Моделс и OVS коишто го облекоа Игор.



Врати се горе ↑