Македонија Igor 5

25 август, 2014

Игор Митровиќ со настап на концертот „Плус Фестивал“ во Бугарија‏

Поп пејачот Игор Митровиќ на 12, 13 и 14 септември ќе престојува во Пазарџик, Бугарија, каде што ќе настапи на големиот концерт „Плус Фестивал“. На концертот кој ќе има само ревијален карактер, ќе учествуваат голем број познати звучни имиња, најмногу од Бугарија, меѓутоа ќе има и интернационални учесници.

Игор е поканет од страна на организацијата кој го организира концертот и ќе биде единствениот Македонец. Ќе се претстави со две песни кои ќе ги отпее во живо, од кои едната е „Сам без тебе“ по желба на организацијата на концертот, а другата песна Игор ја држи сè уште во тајност. Негов ред да настапи е на 13 септември (сабота).

На концертот ќе настапат и следниве познати имиња: Поли Генова – претставничка на Евровизија 2011 (Бугарија), Лазар Валчев (Бугарија), Дивна (Бугарија), Килата (Бугарија), Дичо (Бугарија), Графа – познат по хитот „Дим да ме њама“ (Бугарија), Преја – финалистка на бугарскиот X Factor (Бугарија), Устата (Бугарија) и многу други.

Во меѓувреме Игор работи на нови песни како во Македонија, така и во Хрватска, па вети дека наскоро сè ќе излезе на виделина. А во меѓувреме, последно нешто од Игор е макфестовската балада „За крај“, дело на Александар Масевски.



Врати се горе ↑