Македонија 10685413_691804547579675_7231909661463783409_n

13 септември, 2014

Игор Митровиќ сними видео запис за „Сега и тука“

За неодамна објавената песна насловена „Сега и тука“, Игор Митровиќ деновиве го сними и видео записот чија промоција се очекува кон крајот на месецов. Оваа песна е комплетно авторско дело на композиторот и продуцент Александар Масевски и е субвенционирана во првиот конкурсен кваратал според законот за поддршка на македонската музика. Видео записот кој го реализираше „3Д продукција“, се снимаше на 6 локации во Скопје, а покрај Митровиќ се појавуваат некои од неговите најблиски пријатели и машки модели од модното студио „Црнокрак“.

Пејачот деновиве претстојува во Пазарџик, Бугарија, каде што ќе настапи на големиот концерт „Плус фестивал“. Додека го очекуваме официјалниот видео запис за „Сега и тука“, во прилог имате фотографии од снимањето на истиот.

 

 



Врати се горе ↑