Македонија игор 14

16 јуни, 2014

Игор Митровиќ сними нова песна и видео запис во Загреб

Игор Митровиќ викендов престојуваше во Загреб каде што по покана од хрватската продукција LongPlay Production Team, замина кај нив во студио да ја снимат нивната прва заедничка песна. „Главниот виновник за целата оваа соработка е композиторот и продуцентот на истоимената продукција, Томо Бачурин Лима, кој што воедно и ја направи оваа песна за мене. Тука е и човекот којшто напиша прекрасниот текст на хрватски јазик, Данијел Врбан“вели Митровиќ.

За песната се сними и видео запис во Загреб под режисерската палка на Cinemtatix продукција. Песната и спотот ќе имаат и македонска верзија, каде што текстот на песната го препеа Фани Христова.

„Презадоволен сум од целата соработка со LongPlay Team Production, максимално професионално, за еден викенд успеавме да снимиме сè и дури ни остана малку време и за забава со целиот нивни тим. Ова е наша прва заедничка соработка и почестен сум што ја добив поканата за мојот престој таму и оваа соработка, и нè очекуваат уште многу заеднички проекти како за кај нас, така и за хрватската музичка сцена“, додава Игор.



Врати се горе ↑