Македонија 1981826_613464498747014_4031194731876639099_n

5 јуни, 2014

Игор Митровиќ потпиша договор со романска издавачка компанија

Игор Митровиќ деновиве потпиша 3-годишен договор со големата романска издавачка компанија „CDj“. Договорот се однесува на неговата најнова песна „The Summer’s Not Over“ која е комплетно авторско и продуцентско дело на Александар Масевски. „CDј“ ќе бидат одговорни за промоцијата, маркетингот и продажбата на овој сингл кој ќе биде застапен не само во Романија туку и ширум целиот свет. Во рамките на промоцијата на целиот пакет, песната ќе се најде и во најголемите светски музички е-продавници како што се: Beatport, Trackitdown, Juno Records, iTunes, eMusic, Audiojelly и др. Исто така „The Summer’s Not Over“ ќе биде дистрибуирана во повеќе од 5000 радио станици во 130 земји низ светот преку америчкиот дистрибутерски сервис и радио „Radio Express“.

 



Врати се горе ↑