25 октомври, 2014

Игор Митровиќ како Купидон во видео записот за „Сега и тука“

Во емисијата „Стисни плеј“ на Македонската Радио Телевизија синоќа беше премиерно прикажан новиот видео запис на Игор Митровиќ за неодамна објавената песна „Сега и тука“, којашто беше субвенционирана во првиот квартал за поддршка на македонската музика. Песната е комплетно дело на Александар Масевски, додека видео записот, во кој Митровиќ се појавува во улога на Купидон, го изработи „3Д продукција“. Освен Игор, во спотот се појавуваат и неговите најблиски пријатели, како и машките модели од модното студио „Црнокрак“.



Врати се горе ↑