3 април, 2015

Игор Митровиќ ја освојува хрватската сцена со „Немам ја никога“

Во последните неколку години македонската музичка сцена на хрватскиот пазар пласираше некои од најзабележливите имиња, а од продукцијата „Лонг плеј“ се уверени дека и Игор Митровиќ ќе тргне во таа насока. „Немам ја никога“ е првиот сингл со кој Митровиќ ќе се обиде да ги освои хрватските топ листи, а како автори се потпишуваат Томо Бачурин Лима (музика и аранжман) и Даниел Врбан (текст).

Песната неодамна беше претставена заедно со видео запис, кој го режираше Дарко Годиќ, а го реализираше продукцијата „Синематикс“. Покрај Игор, во видео записот се појавува и познатата манекенка Анета Коџоман, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе.

Во продолжение погледнете го интервјуто за хрватската телевизија „Ди-ем-си“.

 



Врати се горе ↑