11 мај, 2016

Игор Митровиќ го претстави видео записот за „Не оди си“

Најновата песна на Игор Митровиќ, темата насловена „Не оди си“ штотуку доби и свој видео запис, кој го изработи Милчо Узунов од „3Д продукција“, со кого пејачот соработуваше и за претходните два спота за песните „Сега и тука“ и „Сам“.

Како комплетен автор на „Не оди си“ се потпишува композиторот Александар Масевски, а како изгледа екранизацијата на овој хит на Митровиќ можете да погледнете горе. Уживајте!

13043700_990888557671271_8001324194985420764_n

Фотографија: Томислав Живковиќ

 



Врати се горе ↑