25 декември, 2015

Игор Митровиќ го претстави видео записот за хитот „Сам“

По учеството во првото македонско реално музичко шоу „На иста адреса“, кое за жал не го доживеа својот крај, Игор Митровиќ повторно се фрли на работа и сними видео запис за неговиот последен сингл насловен „Сам“, што го објави во септември годинава. И овој пат како комплетен автор се потпишува Александар Масевски, електричната гитара ја отсвири одличниот Иле Спасев, а линијата на бас гитарата е дело на талентираниот Марко Василевски (џез група „Фирс“(Fierce)), додека придружните вокали ги отпеаја самите Игор и Масе.

Видео записот, кој воедно е и новогодишен подарок за фановите, го изработи екипата на „3Д проект студио“, на чело со Милчо Узунов, а како изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑