Аудио im-sam

10 септември, 2015

Игор Митровиќ е „Сам“

После успешната соработка на добро познатите хитови „Сега и тука“ и макфестовската „Биди тој што си“, Игор Митровиќ и Александар Масевски продолжуваат со песната насловена „Сам“. И овој пат како комплетен автор се потпишува Масевски, електричната гитара ја отсвири одличниот Иле Спасев, а линијата на бас гитарата е дело на талентираниот Марко Василевски (џез група „Фирс“(Fierce)), додека придружните вокали ги отпеаја самите Игор и Масе.

„Сам“ наскоро ќе добие и видео запис изработен од „3Д продукција“ на чело со Милчо Узунов, а додека ја чекаме екранизацијата, слушнете како звучи новиот хит на Игор!

 


Врати се горе ↑