Настани

22 август, 2016

Игор Џамбазов, Тамара и „Ај кју“ на шестото издание на „Амнезија“ во Лешок

Традиционално и оваа година, во организација на „Горила продукција“, по 6. пат ќе се одржи фестивалот на отворено „Амнезија“ во Лешок. Настанот е закажан за 27 август, за време на големиот христијаснки празник Голема Богородица. На нова, поголема и поатрактивна локација, сите посетители ќе имаат можност да уживаат во хитовите на Игор Џамбазов, Тамара Тодевска и „Ај кју“.

Фестивалот ќе биде отворен со хитовите на „Ај кју“ – „Убава“, „Еве пак“, „Не заборавај“ и многу други. Потоа следува настапот на Тамара и нејзиниот бенд, кои ветуваат одлична забава со нејзините хитови. Последен ќе настапи најголемиот шоумен во Македонија заедно со бендот на Гуру Харе.

Настанот е предвиден да почне во 21 часот, а се очекува бројката на посетители да изнесува над 4.000. Билетите се пуштени во продажба во мрежата на „Тикет плус“ (www.tiketplus.mk), „Ту најс“ (2Nice), „Мамбо“ (Mambo) и „Републик“ (Republik) по цена од 200 денари, додека на врата ќе чинат 250 денари.

Досега на „Амнезија опен ер“ настапувале „С.А.Р.С.“, „Суперхикс“, „Бед копи“, „Нокаут“… а од година во година бројката на посетителите расте и фестивалот е еден од најпосетените во Македонија!

Amnesia - Poster - Preview-01



Врати се горе ↑