Концерт 1374871_638068119566045_546604240_n

1 ноември, 2013

Игор Џамбазов подготвен за вечерашниот спектакл

При крај се  подготовките за големиот мултимедијален концерт на  великанот Игор Џамбазов, кој ќе се одржи вечерва во арената „Борис Трајковски“ со почеток од 21 часот. Во рамките на спектаклот во организација на  Горила Продукција и Трансмет”, покрај ѕвездата на вечерта, ќе гостуваат и бројни пријатели на познатиот актер, музичар и шоумен, меѓу кои Игор Атанасовски – ХареКалиопи, Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Влатко Илиевски, Пере и Франц од групата Нокаут, Димитар Андоновски, Sarah MACE, Коки, Танец,  хорот на Златното Славејче  под диригентската палка на маестро Александар Џамбазов, како и неговите колеги актери, новата ѕвезда на македонскиот филм и стенд-ап комедијата Сашко Коцев, и се разбира долгогодишниот сопатник на Игор и брат по многу нешта, Тони Михајловски. 

„Денешните подготовки се одвиваат во најдобар ред… доколку сè уште не сте набавиле билети за концертот на Игор Џамбазов, останати се уште мала количина на билети за мобилните трибини кои беа дополнително пуштени во продажба поради големиот интерес за седечки позиции и истите можете да ги набавите единствено на билетарата во „С.Ц.Борис Трајковски“, додека билетите за Партер можете да ги набавите во продажната мрежа на мк тикетс: билетара „С.Ц. Борис Трајковски“, сите салони на Оне, Офис Плус и Југотон Гтц. Ве очекуваме подготвени!“ – велат од продукцијата Горила, која е организатор на овој настан.

 



Врати се горе ↑