Видео

4 јули, 2019

Игор Димовски ги разбива стереотипите со „Пет ангели“

Македонскиот композитор и виртуоз на хармоника, Игор Димовски (32), деновиве ја промовира композицијата „The Five Angels“ или „Петте ангели“, за која е снимена и впечатлива видеоприказна во околината на Марков манастир, близу Скопје, како и на Мечкин Камен кaj Крушево. Ова е дел од поголем проект на Димовски, со кој тој сака да ги спои модерното и традиционалното, а сепак музиката да има негов печат.

„’Пет ангели’ е мое авторско дело, станува збор за исклучително драга и многу важна композиција за мене. Оркестрацијата му ја препуштив на маестро Кире Костов и тој перфектно си ја заврши задачата. Овој проект го креирав доста долго, сакав да биде уникатен и различен од сѐ што направив досега. Преточени се тажни и среќни емоции во оваа музичка тема. Уште кога ја компонирав музиката знаев што ќе се случува и во видеозаписот, и ги имав однапред сите сцени и моменти во главата. Уште на почетокот гледав ’пет ангели’ низ музиката и знаев дека тоа ќе биде всушност и насловот“, раскажа Димовски во разговор со „Нова Македонија“ и додаде дека, според него, оваа композиција е создадена според светски стандарди.

„Со ова дело сакав да разбијам некои стереотипи што владеат долго време во македонската музика. ’Петте ангели’ е варијација на модерното и на традиционалното, градена по светски стандарди. Мислам дека е вистинско време да почнеме да ги следиме современите трендови во музиката и конечно да тргнеме напред“, истакна Димовски.



Врати се горе ↑