Балкан Igor+Cukrov+png

15 јануари, 2013

Игор Цукров ќе ја претставува Хрватска во Бразил

Младиот хрватски пејач Иван Цукров, кој на балканската публика ѝ е познат од учеството на популарното музичко шоу „Операција Триумф“ од 2008 година, ќе ја претставува родната Хрватска и во Рио де Жанеиро. Неговото учество му донесе голема популарност во родната Хрватска, а во 2009 година беше испратен да ги брани боите на неговата земја на Евровизија во Москва со песната „Лијепа Трена“, која ја отпеа во дует со Андреа Шушњара. До сега Цукров има издадено седум песни, меѓу кои и дуетот со Магазин „Небеса“.

Пред извесно време  младиот пејач од Сплит беше избран да биде автор на музиката за документарниот филм кој ќе ја претстави Хрватска пред нејзиниот влез во Европската Унија. Филмот го носи насловот „Dream Croatiа“ (Сонувај Хрватска), а истоимената песна која ја изработи Ивица Цукров, ќе биде промовирана годинава. Филмот ќе биде прикажан на фестивалот за документарен филм во Рио де Жанеиро, каде што Игор ќе се претстави со насловната нумера „Сањај Хрватска“.

Во ноември минатата година, Цукров ја промовираше песната „Случајно“, која е дует со Ана Ѓуѓерија – Шуќур, а за истата сними и видео запис. Музиката и текстот ги потпишува Ана, а во продолжение погледнете го видео записот за „Случајно“.

 



Врати се горе ↑