24 март, 2017

Иги Азалија се враќа со „Mo Bounce“

После повеќекратно одложување, наскоро конечно ќе стигне второто студиско издание на австралиската раперка Иги Азалија, која штотуку го претстави и својот нов сингл насловен „Mo Bounce“.

Долго размислував за тоа што сакам да објавам“, изјавила таа во разговор со „Битс 1“, додавајќи дека сакала прво да објави нешто мегасериозно, но потоа сфатила дека во последно време е во вакво расположение, а и лето доаѓа, па потребно е нешто забавно за танцување.

На нејзиниот нов албум насловен „Digital Distortion“, 26-годишната ѕвезда работеше веќе неколку години, а првиот сингл, „Team“, го објави пред точно една година. Првично закажан за јули 2016 година, издавањето на албумот беше одложено заради приватни проблеми, па иако сè уште нема официјален датум на издавање, се очекува да пристигне во текот на годинава.



Врати се горе ↑