Свет ia

21 октомври, 2014

Иги Азалија најави реиздание на деби албумот „The New Classic“

Сè попопуларната австралиска раперка Иги Азалија на 25 октомври во емисијата „Saturday Night Live“ премиерно ќе ја изведе својата нова песна „Beg For It“, со која го најавува реизданието на својот мошне успешен деби албум „The New Classic“. Имено, „репризата“ на ова издание ќе го носи насловот„Reclassified“ и ќе пристигне на 25-ти овој месец, а ќе биде збогатено со уште неколку нови песни, кои на списокот во продолжение се означени со ѕвездичка.

1. „We in This Bitch“ *
2. „Work“
3. „Change Your Life“
5. „Beg for It“ (со Mø) *
5. „Black Widow“ (со Рита Ора)
6. „Trouble“ (со Џенифер Хадсон) *
7. „Dont Need Y’all“
8. „Rolex“
9. „Iggy SZN“ *
10. „Fancy“ (со Чарли Екс-си-екс)
11. „Heavy Crown“ (со Ели Гоулдинг) *
12. „Bounce“

Извор: MTV



Врати се горе ↑