Свет ia-sh

8 јануари, 2015

Иги Азалија ќе гостува на новиот албум на Шакира?

Како што пишува шпанскиот весник „Ел мундо“, Шакира веќе работи на нов материјал. Имено, пејачката која минатата година го објави албумот „Shakira“, во март или април ќе го објави своето единаесетто студиско издание, кое ќе содржи песни и на англиски и на шпански јазик, а меѓу гостите ќе се најдат мексиканскиот рок бенд „Мана“, шпанскиот пејач Алехандро Санз, со кој го сними хитот „La Tortura“, како и австралиската раперка Иги Азалија.

 

37-годишната Колумбијка минатата година беше актуелна со дуетот со Ријана, баладата „Empire, како и „Dare (La La La), која доби и „фудбалска“ верзија за минатогодишното светско првенство во Бразил. 24-годишната Австралијанка, пак, во ноември го објави реизданието на својот деби албум „The New Classic“, а актуелна беше и со дуе(л)от со Џенифер Лопез во „битката на задниците“ – „Booty“.



Врати се горе ↑