6 јули, 2015

„If You Love Me“ е новиот хит на Игор Митровиќ

Вчера, во кафулето „Бест“ во Драчево, Игор Митровиќ го промовираше видео записот за својата нова песна насловена „If You Love Me“, чиј комплетен автор е Александар Масевски. Во екранизацијата во режија на Елена Андовска, покрај Игор се појавуваат и Ивона Ташковски и Александар Кралевски, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

Инаку, по минатогодишниот летен хит „The Summer’s Not Over“, ова е втора песна на англиски јазик за Митровиќ, кој освен македонската, во изминатиов период ја освојува и хрватската, како и романската и светската музичка сцена.

И.Ј.



Врати се горе ↑