Македонија viktor

2 март, 2014

Идолот Виктор Апостоловски – дипломиран соло пејач

После 4 години поминати на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, на последниот ден од месец февруари,  Виктор Апостоловски го даде својот дипломски испит со кој ги заврши додипломските студии: „Ова е момент кој одамна го чекав. Оние што гледаа идол, знаат за она што им го ветив на моите пред да се запишам Средно Музичко и многу ми е мило што конечно го исполнив тоа ветување! Пресреќен сум! Завршив на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје на време, со просек 9.3 и покрај еден семестар отсуство поради Македонскиот Идол. Сега конечно можам да се опуштам и да се посветам на мојата кариера како пејач и продуцент. Поради диплмомскиот испит морав да ја одложам и промоцијата на албумот, како и да е, ќе се потрудам истата да се случи до крајот на месецот.“ – вели Виктор, додавајќи: „Добив милион честитки, но најинтересна ми беше онаа од моите најмлади ученици. Ме пречекаа во школото и ми рекоа „Честитки наст…професоре…Сега треба да ве викаме професоре, така?“ 



Врати се горе ↑