Видео Future INC

6 март, 2014

Иднината на македонската клупска сцена – Future INC

Future INC (kid H.E.Y.O) и (Mario Eddie) се електронско-аналогно дуо кое продуцира музика и изработува кaвери на познати песни во електронска верзија употребувајќи ги последните хардвер и софтвер решенија за продукција.  Настапуваат во живо, а нивното претставување е поразлично од сите останати на нашата сцена. Користејќи падови за ритам, миди контролери за ефекти, клавијатура, перкусии и со вокалните способности, овие млади момци работат напорно на оваа музичка револуција која штотуку започна на нашите простори.

Игор Андреев (кid H.E.Y.O.) го наследува музичкиот талент од неговиот татко кој е бас гитарист и уште од мал учи да свири на гитара. Завршува основно музичко училиште на пијано. Неговата прва касета од Продиџи му го менува мислењето за денс музиката. Вo 2008 година заминува во Дубаи и е резидент диџеј во Royal Ascot rooftop lounge bar. По неговото враќање во Македонија во 2010, за многу кратко заминува на Тенерифе каде е резидент диџеј во Sensual beach bar. Во моментов работи на продукција во своето музичко студио во Прилеп, а од скоро, заедно со Mario Eddie како Future inc. потпиша договор за соработка со Inovativa Group.

Марио Кузманоски(Mario Eddie) има 18 години, а cо музика се занимава од мали нозе. Наследувајќи го својот татко, Марио како диџеј активно се занимава веќе 5 години. Започнува да пушта музика по радио станици, а подоцна и низ ноќните локали во Прилеп, па и низ цела Македонија. Марио свири пијано и продуцира.

Откако ги видоа и слушнаа во живо, новинарите напишаа: „Дечките тотално ја размрдаа цела публика, давајќи се сосема на сцената. Тие се полетни и енергични, а воедно и многу талентирани. Future INC(Фјучр ИНК) се иднината на нашата, клупска сцена.”

Како звучат Игор и Марио можете да слушнете и видите од видеото во продолжение за кое се погрижија Дарко Манасијески (режија), Кристијан Теодоров (DOP), Филип Пауновски (монтажа), Александар Пауновски (организација) и Владимир Дади Ивановски (пост продукција и колор корекција).

 



Врати се горе ↑