Свет im-f

30 ноември, 2014

Идина Мензел вели дека ќе има продолжение од „Снежното кралство“

Бродвејската ѕвезда која ја отпеа со Оскар наградената тема „Let It Go“, Идина Мензел конечно им стави крај на шпекулациите и гласините за тоа дали ќе има продолжение на „Снежното кралство“. Имено, во неодамнешно интервју за американски „Телеграф“, пејачката открила дека дека веќе се работи на продолжение, но и на сценска адаптација на Дизниевиот анимиран филм, кој со заработувачка од неверојатни 1,3 милијарди долари е најуспешниот анимиран филм досега.

На прашањето дали и таа повторно ќе биде вклучена во проектот, одговорила: „За претставата не, не знам што ќе се случува со тоа, но за филмот, се надевам… Ќе видиме, јас секако сум подготвена за тоа.“ Како и да е, пред официјалното продолжение, на пролет можеме да го очекуваме краткиот анимиран филм „Frozen Fever“, кој ќе раскаже што се случувало на роденденот на Ана.

Пред ангажманот за овој анимиран филм, Мензел веќе имаше неколку улоги во други филмови, но со позајувањето на гласот за ледената принцеза Елса, таа веќе стана вистинска ѕвезда. Гласот на 43-годишната пејачка и актерка ќе ги разубави и претстојните празници благодарение на нејзиниот неодамна објавен божиќен албум „Holiday Wishes“, од кој веќе имавте можност да ја слушнете дуетската тема со Мајкл Бубле, песната „Baby, It’s Cold Outside.

 



Врати се горе ↑