Аудио km-iwgc

8 април, 2014

„I Was Gonna Cancel“ е новиот сингл на Кајли Миног

Од актуелниот дванаесетти студиски албум на австралиската поп дива Кајли Миног пристигна и третиот сингл, а тоа е темата „I Was Gonna Cancel“, чиј автор и продуцент е американскиот хитмејкер Фарел Вилијамс. Интересно е тоа што инспирацијата за оваа песна ја добил откако пејачката за малку ќе ја откажела сесијата за снимање бидејќи „имала лош ден“.

Од изданието „Kiss Me Once“ беа претставени темите „Into The Blue“, „Sexercise“ и дуетот „Beautiful“ со колегата Енрике Иглесијас, а како звучи новиот потенцијален хит со кој пејачката ќе се обиде да ги освои светските топ листи можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑