Свет 10457938_10152630094688302_3947895856204060490_n

13 јануари, 2015

И второпласираната на британскиот „Х фактор“ потпиша договор со Сајмон Кауел

Иако на победниците им е загарантирана награда и договор со издавачката куќа на Сајмон Кауел, не ретко се докажало дека пласманот на самиот натпревар не е толку важен, колку што е важно кандидатот да му се допадне на „главниот човек“. Доказ за тоа се и актуелните супер ѕвезди „Уан дајрекшн“, кои своевремено завршија на третото место, Оли Мрс беше втор, а сè попопуларната Ела Хендерсон заврши дури на 6 место.

Токму тоа се случи и со второпласираната учесничка во последната сезона од британскиот „Х фактор“, Флер Ист, која со своите трансформации и изведби на најразлични музички жанрови, очигледниот напредок, како и танцувачките способности, со секој нареден настап ја воодушевуваше и изненадуваше целата публика. Интересно е тоа што нејзината изведба на хитот „Uptown Funk“ од Марк Ронсон и Бруно Марс го достигна врвот на британската Ајтјунс листа, па иако закажан за неколку недели подоцна, Ронсон го искористи вниманието и веднаш го објави овој сингл, кој секако дека дебитираше на првото место на британската сингл листа.

 

27-годишната пејачка, раперка и танчерка ќе започне со работа во студио веднаш по завршувањето на актуелната турнеја на „Х фактор“, а нејзините настапи за време на натпреварот, меѓу кои и историскиот „Трилер“ на Мајкл Џексон, Ве очекуваат во продолжение.

 Фотографии: Фејсбук фан страници на Флер Ист и „Х Factor UK“



Врати се горе ↑