Македонија 12788_10152349223602693_2394273288671185416_n

22 ноември, 2014

И Викторија Лоба се огласи за скандалот со „Скопски фестивал 2014“

Иако истрагата е сè уште во тек, според неофицијални извори се дознало дека од сите 2500 картички се гласало за двајца изведувачи, а веќе наголемо се шпекулираше дека станува збор за Викторија Лоба и Димитар Андоновски. Битолчанецот уште вчера се изјасни дека „никогаш не учествувал, нити бил дел од некакви можни комбинации“, а денеска конечно со свој став излезе и Лоба. Нејзиното соопштение објавено на Фејсбук во целост можете да го прочитате во продолжение.

„Веќе неколку дена читам портали во врска со измамата на Скопскиот Фестивал. Не давав никаков коментар што се случувало за да не навредам или наклеветам некого беспотребно сè до вчера, кога стигнав и јас на ред да бидам инволвирана во сите тие шпекулации. Никакви информаци не сум добила во врска со гласањето, никој воопшто не ме информирал. Единствените информации што ги добивам се од порталите кои не се проверени и се работи за една класична шпекулација од страна на одредени медиуми. Јас Викторија Лоба, одговорно тврдам дека немам никаква поврзаност со скандалот на Скопски Фестивал, ниту сум разговарала со било кого на оваа тема, ниту сум знаела дека за мојата композиција некој би можел да се потруди да пушти гласови.

Не сум ексклузивец на ничија продукција, работам самостојно. Добро што конечно е решено да се превземат некои мерки од МВР во врска со местенките на фестивалите во Македонија, но сепак мое мислење е дека треба да се потрудат да копаат подлабоко, да се навратат наназад неколку фестивали и да видат кој ги земал местата, тука да се истражи и да се откријат сите групи кои местеле телеволтинг и жири, за народот точно да сфати како стојат работите. Јас не спаѓам во нив и смешно е што сега од мене и Димитар Андоновски сакаат да направат жртвени јагниња ни криви ни должни. Смешно е да се кажува дека некој ме местел, тогаш зошто јас не сум ни прво ни второ, туку седмо место.

Тука се крие друга вистина многу по сериозна која со тек на времето ќе се дознае јас нити сум инспектор, нити имам можност да истражувам за жал, затоа не се мешам и чекам информации од надлежните. На ваков или таков начин со тек на времето се ќе излезе на виделина и виновниците за сите манипулации ќе си ги понесат казните. Мојата совест е чиста и немам болни амбиции према наградите, нити молам нити организирам да ме гласаат мене.

ГИ ЗАМОЛУВАМ СИТЕ МЕДИУМИ ДА НЕ МИ ГО ВАЛКААТ ИМЕТО СО ПРЕТПОСТАВКИ, КЛЕВЕТИ И ШПЕКУЛАЦИИ, ВО СПРОТИВНО ЌЕ БИДАТ ПРЕФРЛЕНИ ВО ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ.

Жал ми е што со чисто срце и позитивна енергија решив за прв пат да прифатам учество во до сега по мое мислење најспекталуларен фестивал во Македонија, кој стана и најскандалозен патем, а моето учество успееја да го проследат со незаслужени шпекулации, жално. 

Со почит, 

Викторија Лоба“



Врати се горе ↑