Свет eurovision

15 декември, 2012

И Турција се откажува од Евросонг

По БиХ, Грција, Португалија, Полска и Словачка, уште една земја го откажа своето учество на 58-то издание на песна на Евровизија, a тоа е Турција, пренесува Anadolu. Според тоа што го соопшти Турската Радио Телевизија ТРТ,  земјите Велика Британија, Германија, Франција, Шпанија и Италија имаат привилегирана положба во однос на останатите земји учеснички, а тоа не е во ред. Како што се истакнува, тоа особено дошло до израз минатата година кога имаше промени во правилникот по кој телефонското гласање е намалено на 50%, а зголемено е влијанието на жирито. Врз основа на тоа, постојаните членки одат директно во финале, а имаат и привилегирана положба во финалната вечер. Исто така на оваа одлука влијаеле и одлуките на другите земји кои своето учество го откажале од финансиски причини.

Покрај земјите кои го потврдија отсуството на Евросонг 2013, од финансиски причини се очекува да се откажат уште неколку земји. Во продолжение да се потсетиме на овогодинешниот претставник на Турција, Кан Бономо кој се претстави со песната „Love Me Back“.

 

 

 



Врати се горе ↑