Македонија

6 октомври, 2016

И Словенија и Црна Гора забранија емитување на нивната музика во Македонија

После Србија, уште две земји од регионот го забранија емитувањето на нивната музика во Македонија.

„Ве известуваме дека на седница на Управниот одбор на организациите ПАМ-Црна Гора и САЗАС-Словенија е одлучено да се забрани користење на нивниот музички репертоар на сите радио и телевизиски станици на територија на Република Македонија.

Согласно известувањето, оваа забрана стапува на сила почнувајки од 10.10.2016 година, а ЗАМП Македонија е овластена да ги превземе сите потребни мерки за спроведување на забраната и заштитата на правата на членовите на ПАМ и САЗАС. а врз основа на склучените мегусебни договори за реципроцитет.

Истовремено ја користиме оваа прилика повторно да Ве потсетиме на забраната за емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување од репертоарот на ЗАМП која влезе во сила на 20.09.2016 година, а врз основа на претходна Одлука на Собранието и Управниот одбор на ЗАМП од 19.09.2016 година, како и забраната на Сокој- Србија која започна од 01.10.2016 година.

За спроведување на овие забрани. од страна на ЗАМП е ангажирана независна мониторинг агенција која е задолжена да го евидентира користењето на авторските музички права односно евентуалните повреди на авторските права на членовите и штитениците на Сокој-Србија. ПАМ-Црна Гора, САЗАС-Словенија и ЗАМП Македонија.

Воедно Ве информираме дека секое непочитување на забраната претставува повреда на авторските права, а за одговорните лица ќе бидат превземени соодветни законски мерки“, стои во нивното соопштение.



Врати се горе ↑