Аудио Vladimir Cetkar2

17 ноември, 2014

„I Remember“ е новиот сингл на Владимир Четкар

„I Remember“ е новиот сингл на нашиот светски познат џез музичар Владимир Четкар, кој ќе се најде на неговиот мошне успешен албум „Heavenly“, чија промоција во Македонија е закажана за оваа среда, 19 ноември, во „Станица 26“ во Скопје. Изданието кое беше прогласено за ремек-дело во Јапонијастана вистински хит во Унгарија и направи културна инвазија во далечниот Исток, ќе можете да го купите во продавницата „½ Југотон“ во Скопје, а како звучи новиот сингл „I Remember“ можете да слушнете во продолжение.

 

По концертната промоција во Скопје, Четкар ќе отпатува за Њујорк, каде што го очекува снимање и соработка на новиот проект на музичките легенди Боб Синклар и Димитри Фром Париз.



Врати се горе ↑