Галерија

27 септември, 2017

И покрај дождот, Сара Мејс успешно полета во вселената

И покрај неповолните временски услови, Сара Мејс вчера во Скопје создаде прекрасна атмосфера за сите љубители на музиката. Заради дождот, Сребрената космонаутка и нејзиниот бенд акустично го изведoa проектот „Floating Through Space“ и им ја исполнија желбата на сите посетители на платото на МОБ што беа дојдени да уживаат во концертот.

Таа на одличен начин ја истакна нејзината уникатност на плоштадот „Мајка Тереза“, совршено претставувајќи го концептот на најновиот проект „Floating Through Space With Sarah Mace“, а истоимениот албум е издаден под капата на „Пасворд продукција“.

Поради сонот и желбата да ги исполни обожавателите на музиката со пријатни чувства и незаборавни моменти, Сара Мејс ќе одржи уште еден концерт во „Скопје сити мол“ на 01.10.2017 во 15.00 часот.

 

22007628_1519046381510865_260966367188246511_n

Извор и фотографии: Вистина.мк

 

 



Врати се горе ↑