Свет 1970862_789199461117655_7733867784952593538_n

14 јануари, 2015

И Палома Фејт, Џорџ Езра и „Ројал блад“ на британските музички награди

Покрај рекордерот Сем Смит, Ед Ширан и Тејлор Свифт, на сцената на претстојното 35. доделување на британските музички награди, познати како „БРИТ награди“ќе настапат и ексцентричната Палома Фејт, младиот фолк и блуз музичар Џорџ Езра и рок дуото „Ројал блад“.

Езра и „Ројал блад“ досега не добиле ниту една номинација, а 33-годишната поп, соул и џез пејачка 2 пати беше номинирана за „Најдобар женски уметник“ во 2011 и 2013 година, додека нејзиното второ студиско издание „Fall To Grace“ беше номинирано за „Албум на годината“, исто така во 2013 година.

Кој сè ќе има можност да се натпреварува за интересната статуетка, која годинава ја дизајнираше Трејси Емин, ќе дознаеме утре, 15 јануари, кога ќе бидат објавени номинациите, а победниците ќе бидат прогласени на главната церемонија која ќе се одржи на 25 февруари во арената „О2“ во Лондон.



Врати се горе ↑