Настани vesna2

30 октомври, 2012

И оваа среда stand up кабаре со Весна Бејби во Џубокс‏

По минатонеделниот распродаден настап на единствената дама на македонската stand up комедија, и оваа среда (31ви октомври) во ноќниот клуб Џубокс ќе уживаме со stand up кабарето на Весна Петрушевска!Не постои жешка тема што Весна Бејби нема да ја зграпчи за да ја запали публиката. Ѕирнете зад параванот на лажниот морал и насмејте на се на своја сметка, оваа среда Весна ќе го анализира секој циклус од сексуалниот живот на Македонците и ќе ја разголи вистината за секоја етапа од флертувањата до разводите. Убава прилика дамите да си разведрат една тмурна есенска вечер со сочни женски муабети, а господата да дојдат и да откријат на што (им) се смеат партнерките.
Незаменливата Весна Петрушевска подготви возбудливо кабаре што ќе ве насмее до солзи. Заинтересираните веднаш нека си резервираат место на 077 593 867 или 075 522 799.
По стенд ап кабарето забавата во Џубокс, како и секоја среда, продолжува со свирка на Eye Cue.


Врати се горе ↑