Видео

9 јули, 2018

И ова лето ќе се памти по новиот хит на Лозано – „Јако, јако“

Влатко Лозаноски деновиве го претстави неодамна најавениот сингл насловен „Јако, јако“, како уште една најава за славеничкиот албум „10“, со кој ќе одбележи 10 години кариера. Кичевскиот славеј и овој пат ги здружи силите со веќе докажаниот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, кои се потпишуваат на музиката, аранжманот и стиховите, а екипата во комплетен состав отпатува и во Кушадаси во Туција, каде што се снимаше и видеото под режисерската палка на Даниел Јовески. Освен Лозано, во него се појавува и кумановката Мартинија Георгиевска.

Фотографија на Lozano - Vlatko Lozanoski.

Непосредно по објавувањето на велигденската химна „Километри“, пејачот ги откри плановите и за големиот славенички концерт кој би требало да се случи наесен, а наскоро се очекуваат и повеќе детали околу промоцијата на новиот албум, кој ќе биде трет по ред во неговата 10-годишна кариера.

А сега љуби ме и гушни ме јако, јако! Скрши ме, искрши ме како стакло,љуби ме, само ти знаеш како! Гушни ме, гушни ме јако, јако“, пее кичевчанецот со златно грло во овој нов летен хит, кој за само неколку дена собра речиси 150 илјади прегледи на Јутјуб, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑