Настани Madonna

24 јануари, 2014

И Мадона со свој настап на Греми 2014

На само два дена од претстојното 56-то годишно доделување на музичките награди Греми, на листата изведувачи кои ќе настапат на оваа манифестација е додадено уште едно големо име. Станува збор за легендарната „Кралица на поп музиката“Мадона, која во звојата збирка награди и признанија има седум златни грамофони. На веќе објавените имиња меѓу кои и двата поранешни члена на легендарните Битлси, покрај Мадона се приклучуваат и номинираните Били Џо Армстронг (Грин Деј) и Миранда Ламберт чиј настап ќе биде во чест на Фил Еверли.

Иако повеќето американски и британски медиуми ја пренесоа веста дека на манифестацијата заеднички настап ќе имаат и Бијонсе и Џеј Зи, сепак на официјалната страна на Греми нема никакво соопштение во врска со оваа вест.

На овогодишното доделување како презентери ќе се појават Марк Ентони, Блек Сабат, Глорија Естефан, Синди Лопер, Џејми Фокс, Алиша Киз, Бруно Марс, Мигел, Хуанес, Јоко Оно, Џаред Лето, Стивен Тајлер, како и актерите Џулија Робертс, Џереми Ренер, Нил Патрик Харис, Ана Кендрик, водителот Рајан Сикрест и други. Домаќин на вечерта повторно ќе биде познатиот рапер Ел Ел Кул Џеј, а златните грамофони по 56-ти пат ќе бидат доделени во недела, 26-ти јануари во Стејплс центарот во Лос Анџелес. Настанот ќе биде пренесуван во живо на интернет страните на ТВ каналот CBS.com и GRAMMY.com

Комплетниот список на номинации можете да го погледнете овде.



Врати се горе ↑