5 јануари, 2013

„I Got a Boy“ е нов корејски хит

Корејската поп музика, или накратко К-pop, станува доста популарна ширум светот. Точно на 31-ви декември беше објавен видео записот за нумерата „I Got a Boy“ од женската група Грлс Џенерејшн (Girls’ Generation) составена од десет девојки. Со овој сингл девојките го најавуваат нивниот четврти студиски албум, а со оглед на тоа што за само неколку дена овој видео запис е прегледан преку 16 милиони пати, можеби на повидок е новиот корејски хит, кој ќе го наследи сè уште популарниот „Гангнам Стајл“.

 



Врати се горе ↑