Видео ba30

2 декември, 2014

И Франција се придружи на „Бенд ејд 30“: Слушнете ја „Noël est là“

Како што Ви пренесовме неодамна, британскиот музичар Боб Гелдоф уште еднаш ги собра најпопуларните музички имиња од Велика Британија и Ирска за да ја отпеат познатата божиќна песна „Do They Know It’s Christmas?“, но овој пат со малку променет текст и со цел да се соберат средства за борба против еболата која сè уште одзема голем број животи во Африка.

Во хуманитарната кампања се придружија и француските музичари, а во снимањето на француската верзија насловена „Noël est là“ учествуваа имиња како што се Ванеса Паради, Карла Бруни, Заз, Жан-Луи Обер, Бенжамен Биоле, Тома Дитронк, Ришар Колинка, Јаник Ноа, Амандин Буржоа, Луи Бертињак, Тете, Гизмо, „Ле пластисин“ и други, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

 

 



Врати се горе ↑