Видео

3 јули, 2017

И Филип Божиновски го преработи хитот „Despacito“

Како и самиот наслов на песната, „Despacito“ полека го освои светот, а доказ за тоа се и бројните преработки кои речиси секојдневно се објавуваат на Интернет. На мегахитот имуни не останаа ни македонските музичари, а последен во низата е некогашната М2 и Гранд ѕвезда, Филип Божиновски, кој деновиве ја претстави својата верзија отпеана во дует со себе.

фб

Покрај Божиновски, од домашните изведувачи преработка на овој хит направија и дуото „Риплеј“, како и Виктор Апостоловски, кој ја вметна во својот латино мегамикс, а српската легенда Неда Украден си направи српска верзија насловена „Фаворит“.



Врати се горе ↑