Свет pw

11 декември, 2014

И Фејсбук со своја годишна топ 10 листа

Социјалната мрежа Фејсбук на својата нова веб страна „Year in Review“ објави листи на филмови, серии, музичари и клипови кои биле најчесто споделувани или спомнувани во текот на 2014 година, пишува „Билборд“. Меѓу најспомнуваните личности се најдоа Бијонсе, Фарел Вилијамс и Ники Минаж, а најсподелуваната песна е хитот „Happy“ на Фарел, како и баладите „All Of Me“ на Џон Леџенд и „Stay With Me“ на Сем Смит. Меѓу сериите водат „Игра на тронови“ (Game of Thrones), „Портокаловата е новата црна“ (Orange Is The New Black) и „Живи мртовци“ (The Walking Dead), а што се однесува на филмовите, на врвот на оваа листа се најдоа „Снежното кралство“, „Чувари на галаксијата“ и „Нинџа желки“.

10-те најсподелувани песни на Фејсбук во 2014 година се:

1. „Happy“ – Фарел Вилијамс 

 

2. „All of Me“ – Џон Леџенд 

 

3. „Stay with Me“ – Сем Смит

 

4. „Turn Down for What“ – диџеј Снејк и Лил Џон

 

5. „Let It Go“ – Идина Мензел

 

6. „Drunk in Love“ – Бијонсе и Џеј Зи

 

7. „Anaconda“ – Ники Минаж

 

8. „Shake It Off“ – Тејлор Свифт

 

9. „Rude“ – Меџик!

 

10. „Fancy“ – Иги Азалија и Чарли Екс-си-екс



Врати се горе ↑